Глобалната психоза не ја одминува Македонија – откажани дел од патувањата во странство

Иако Македонија нема регистрирано случај на заболен од корона вирусот, глобалната психоза во светски рамки полека се прошири и во земјава..

Додека туристичките агенции своеволно започнаа да откажуваат аранжмани во најпогодените туристички места, особено во Италија, граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења дали да патуваат во земјите, каде има потврдени случаи на заболени од корона вирусот.

Од агенциите велат дека одлуката ја донеле во договор со италијанските партнери, поради превенција, иако заинтересирани за одмор се уште има.

Врзел обвини - досегашната практика, особено со САРС-от и нилската треска покажала дека властите воопшто не ги контактираат агенциите за тоа како да се постапува во слични ситуации.

Од друга страна, директорот на Агенцијата за поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, најави состанок со коморите и туристичките агенции за утре, кога ќе се разгледуваат препораките од СЗО. Јаневски очекува и пад на туризмот.

Корона вирусот значително влијаеше и на туризмот во Италија, каде се откажаа голем број манифестации и јавни собири. Токму оттаму короната се пренесе и во Швајцарија, Австрија, Германија, Хрватска и Грција, а од соседството, и Бугарија, Романија и Косово испитуваат сомнителни случаи на лица кои допатувале од Италија. Од европското жариште на вирусот, туристи – Италијанци, ја пренесоа короната и во Бразил, што е прв регистриран случај во Јужна Америка, како и во Алжир, во Африка.

притисни ентер