Меѓународниот суд за спорт ја доби жалбата од Манчестер Сити

УЕФА го казни Манчестер Сити пред 12 дена со две години неиграње на европските натпреварувања и 30 милиони евра парична казна.

Независниот судски совет за финасиско работење на клубовуите (ЦФЦБ) донесе пресуда дека Манчестер Сити направил сериозни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА.

Сити поднесе жалба до Меѓународниот суд за спорт, кој денес објави дека ја добил жалбата од „Етихад“.

Сè уште не е познато кога ќе одлучува судот.

притисни ентер