Митрески : Отворивме 60.000 нови работни места, а само преку Оперативниот план оваа година се вклучени 12.000 невработени

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија на дело покажа дека знае како да работи и знае како да обезбеди подобар животен стандард за граѓаните, рече на прес- конференција, Јован Митрески, пратеник на СДСМ. .

За само 2.5 години ја стабилизиравме економијата, отворивме нови работни места со што ја намаливме невработеноста и овозможивме унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Имаме визија и знаеме како од Македонија да направиме развојна и просперитетна држава.Преку отворање на 60.000 нови работни места обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Постигнавме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна на 35,3 проценти.Ова е најниска стапка на невработеност досега.Преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица, ќе создадеме клима за отворање нови работни места.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Досегашното искуство покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Македонската економија оваа година очекуваме да се унапреди со отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.Гаранцијата за млади се покажа како успешен проект, вокој се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени.

Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ секој граѓанин е важен!

На прав пат сме!, рече Митрески.

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски.

МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.

-Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овојпат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна..., наведува Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

Велигденски концерт на „Танец“

Ансамблот „Танец“ вечер во Националната опера и балет ќе го одржи велигденскиот концерт „Велигден е, Ѓурѓовден е“.

Изведени ќе бидат видеоприказните „Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш? Мене ми рече Велигден“, „Брале се, брале сватови“, „Велигден, море Велигден, в година пак да ни дојдиш“ и „Да исчистиме гревовите, да испадиме духовите“ и кореографските постановки „Ѓурѓовденка“, „Мариовска тресеница“ и „Свадба“.

„Танец“ премиерно ќе ја изведе и најнова кореографска постановка „У ливаду“ од 2023 година.

Во рамки на програмата ќе бидат емитувани тематски видеоинтермеца, за чија изработка се користени материјали од архивите на МРТ, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје, Музеј на Македонија и Кинотека на РМ.

притисни ентер