Ердоган : Турција до март ќе ги потисне сириските сили

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција планира да ги потисне сириските владини сили од Идлиб во северозападна Сирија до крајот на февруари.

Говорејќи пред пратениците на владејачката АК партија, тој рече дека се надева оти употребата на воздушните сили во северозападна Сирија ќе биде решено наскоро, пренесува Ројтерс.

За Русија се известува дека го контролира воздушниот простор и ги напаѓа секојдневно бунтовниците поддржани од турските сили во знак на поддршка на сириските сили.

притисни ентер