НАСА објави видео од темната страна на Месечината, видена пред 50 години (ВИДЕО)

Многумина отсекогаш сакале да видат каква прекрасна глетка виделе астронаутите на „Аполо 13“ во 1970-тите години, кои никогаш не слетале на Месечината.

Во понеделникот, НАСА објави видео во кое се гледа што виделе астронаутите во оваа мисија. Сликата е направена од податоците на вселенското летало Lunar Reconnaissance Orbiter , лансирано во 2009 година и оттогаш орбитира околу Месечината.

Според податоците на летот, астронаутите први се нашле помеѓу зајдисонце и изгрејсонце и биле во целосна темнина осум минути, сè додека не се појавила неверојатната површина на нашиот природен сателит. Тогаш започнува видеото, јавува Си-Ен-Ен.

Астронаутите на Аполо 13, Џон Свигерт, Фред Харис и Џејмс Ловел требаше да слетаат на Месечината, но наидоа на проблеми со резервоарот за кислород. Свигерт тогаш ја кажа познатата реченица, „Хјустон, имаме проблем“. Иако мисијата не беше целосно успешна, бидејќи не се случи слетување, екипажот сепак ја обиколи Месечината и се врати безбедно на Земјата.

притисни ентер