Бијонсе шокира со барањето на комеморацијата за Коби Брајант (ВИДЕО)

Во понеделникот вечерта во Стејплс центарот во Лос Анџелес се одржа комеморација за трагично загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џана, кои загинаа во хеликоптерска несреќа кон крајот на јануари во Калифорнија.

На комеморацијата присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и многу познати имиња.

Бијонсе на комеморацијата ја изведе омилената песна на Коби ХО и песната Хало, а странските медиуми објавија дека пејачката им забранила на фотографите да ја сликаат за време на комеморацијата.

Уредниците на фото агенциите како „Гети Имиџс“ и „Асошиејтед прес“ за „Пост“ изјавија дека им било забрането да ги снимаат децата на Коби, како и славната пејачка.

"Бијонсе секогаш мора да има контрола над сè. Мислам дека е навредливо и за семејството на Брајант. Таа секогаш избира кои фотографии да ги објави во медиумите. Ниту семејството на Мајкл Џексон , ниту Кристина Агилера, никој го немаше тоа барање. Таа секогаш смета дека сè се врти околу неа ", изјави извор за американските медиуми.

Персоналот во „Стејплс Центар“ мораше да се увери дека нема фотографи на сцената. Ова не е првпат тимот на Бијонсе да утврди кои медиуми што може да објават. По нејзиното појавување во Супербол во 2013 година, BuzzFeed беше принуден да отстрани напис што зборуваше за 33 најжешки моменти во изведбата на Бијонсе.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер