Во Италија од коронавирус е заразено и 4- годишно девојче, заразени Италијани и во Бразил и во Алжир

Во Кина, вчера имало 406 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирус, помалку од претходниот ден, кога бројот се зголемил за 508, додека во Јужна Кореја бројот значително се зголемил.

Во Италија има 11 починати и 325 потврдени случаи на инфекцијата.

Сега вкупниот број заразени лица се зголеми на 78.064, а на смртните случаи на 2.715.

Откако Хрватска, Австрија и Швајцарија вчера ги објавија првите случаи на коронавирус, заразата се појави и во Алжир и Бразил , најверојатно пренесени од Италија.

Првиот случај на коронавирус во Алжир е откриен кај Италијанец , кој пристигнал во земјата на 17 февруари и сега е во изолација. Според алжирскиот министер за здравство, на здравствените власти им било наредено да ги преземат сите мерки на претпазливост, пренесе Ројтерс.

Три нови случаи на инфекција со коронавирус, исто така, се потврдени во Тајланд, со што вкупниот број заразени во земјата изнесува 40.

Тројцата новозаразени се државјани на Тајланд и сите се членови на исто семејство. Двајца од нив, 65-годишен маж и неговата сопруга се вратиле од јапонскиот остров Хокаидо. Третиот пациент е нивниот внук кој не бил во Јапонија.

Тајван го потврди 32-от случај на коронавирус, објави Министерството за здравство. Пациентот е на 30 години и е странски државјанин.

Како што известува Кориере дела Сера утрово во Италија, од коронавирус е заразено првото дете. Станува збор за 4 годишно девојче од Кастиглионе Ада, место што се наоѓа во црвената зона. Вирусот се чини дека девојчето го добило во болницата во Кодоњо каде што првиот познат заразен во Италија бил хоспитализиран. Девојчето има благи симптоми на грип.

Во Италија не е идентификуван нултиот пациент, но се знае кој е прв. Станува збор за 38-годишен маж , познат само по името Матија.

Тој бил хоспитализиран во единицата за интензивна нега во Кодоњо, поради проблеми со респираторниот систем, но сега е во болницата „Сан Матео“, на 35 километри јужно од Милано, изјави портпаролот на италијанската цивилна заштита за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека бремената сопруга на мажот исто така била позитивна и е хоспитализирана, но нејзината состојба не била загрижувачка.

Училиштата и градинките во германската област Хајнсберг остануваат затворени. Маж од областа е во критична состојба поради инфекција со коронавирус и е на интензивна нега.

"Сопругата на пациентот исто така има симптоми на вирусно заболување. Таа во моментов е стабилна. Чекаме резултати од тестирање за да дознаеме дали е заразена со коронавирус", соопшти Министерството за здравство на Северна Рајна-Вестфалија.

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Денеска во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид, соопшти МВР.

Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Гответе со Дракче“ - Тортиљи со ајвар

Во петок (19.04.2024) во емисијата гостин ни беше Ленче Кукиќ.

Состојки за денешниот рецепт:

3 тортиљи

3 јајца

200 гр. сирење

100 гр. ајвар

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

притисни ентер