Втор случај на коронавирус во Хрватска , болен е и братот на првозаразениот

Инфициран е и братот на еден млад човек, кој вчера беше дијагностициран со коронавирус откако се вратил од Милано каде тој и неговата девојка биле на фудбалски натпревар во Лигата на шампионите, соопшти министерот за здравство Вили  Берош.

Министерот за здравство на Хрватска,  Вили Берош се врати вчера вечер од состанокот во Рим, откако во Хрватска се појави првиот потврден случај на коронавирус.

26-годишно момче кое минатата недела поминало три дена во Милано со својата девојка е првиот потврден случај. Младиот човек има благи симптоми и е во изолација на Клиниката за инфективни болести во Загреб. Покрај тоа, три лица во моментот се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести кои се подложени на тестирање на коронавирус.

Тестовите покажале дека девојката на момчето  е негативна на коронавирус.Заразен е братот на момчето , кое со девојката бил во Милано.

Во загреб веќе нема маски , како и гелови за дезинфекција на рацерте , а медиумите јавуваат дека во паника, луѓето ги празнат рафтовите на продавниците за храна.

притисни ентер