Прекинато снимањето на филмот ,,Невозможна мисија” поради коронавирусот

Снимањето на најновиот филм „Невоможна мисија” во Италија е прекинато поради загриженоста од појавата на коронавирус во земјата.

Снимањето на седмиот филм во серијалот требало да се снима следните недели во Венеција .Но, Paramount го стопира снимањето откако Италија ги забележа десетиците случаи заболени со најголем број во Европа.

Досега имало повеќе од 200 случаи на заболени во земјата, вклучително и седум смртни случаи.Оваа трагична бројка ја направи Италија трета земја ,најтешко погодена во светот по Кина и Јужна Кореја.

Според медиумите, Том Круз не бил во Италија за снимањето, но продуцентската екипа била испратена дома.

„Од претпазливост за безбедноста и благосостојбата на нашите екипи и напорите на локалната венецијанска влада да запре јавни собири како одговор на заканата од коронавирус, го менуваме планот за тринеделно снимање во Венеција“, се вели во соопштението на Парамонт.

„За време на овој прекин, ќе им дозволиме на тимовите да се вратат дома сè додека не започне производството. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата “.

ова не е првиот прекин на снимањето на филмовите од серијалот ,,Невозможна мисија". За последниот инцидент раскажува самиот Том Круз. 

 

притисни ентер