Најмалку 16 загинати во воздушните напади во Сирија

Најмалку 16 лица се убиени во денешните воздушни напади во северозападна Сирија.

Северозападниот дел е под контрола на бунтовниците , а меѓу загинатире се и двајца ученици и двајца наставници, соопштија опозициски активисти, додека владините сили го зазедоа градот Кафранбел, кој се смета за симбол на востанието против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Кафранбел се смета за главниот град на опозицијата, што го привлече вниманието во раните години на сирискиот конфликт во текот на неделните антивладини протести во кои беа вклучени хумористични транспаренти на англиски јазик, носени од демонстрантите, пренесе АП.

Носењето на транспаренти го иницираше антивладиниот новинар Рад Фарес, кој беше убиен во ноември 2018 година со неговиот пријател Хамуд ал-Џунид.Фарес беше остар критичар на исламските екстремисти кои го контролираат поголемиот дел од Идлиб.Сириската централна воена влада соопшти дека Кафранбел бил освоен доцна синоќа по жестоките борби со екстремистите поврзани со Ал Каеда.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, соопшти дека градот го зазеле владините сили по бомбардирањата од воздух и од земја.

притисни ентер