25- годишна девојка живее како бебе, спие во колевка и си менува пелени (ВИДЕО)

Американката Пејџи (25) призна дека се буди секое утро со нарушување стручно наречено парафилен инфантилизам. Ова нарушување ги тера луѓето како Пејџи на необичен фетиш - желба да живеат како бебе.

Пејџи се буди во лулка секое утро, сама си менува пелени, троши до 2000 долари месечно и си игра со играчки. Таа пие млеко од шише, си го цица палецот, па дури има и цуцла и тропалче.

Пајџи на својот канал на ЈуТјуб го документира нејзиниот бизарен живот, и има 425 платени претплатници кои и ’помагаат финансиски да си купи се што и треба за да ги задоволи нејзините бизарни потреби. Девојката има цел да им помогне на луѓето како неа и вели дека сака да го надминат срамот што го чувствуваат сите оние со парафилен инфантилизам.

Таа започна јавно да го живее овој живот од мај 2018 година, а денес се однесува како бебе дури и во јавност. Чувствувала цел живот дека се разликува, а на 18-годишна возраст започнала да го истражува своето нарушување и открила дека има цела заедница на луѓе кои се борат со истото нарушување.

"Отсекогаш собирав играчки и имав детска смисла за хумор, затоа семејството и пријателите ме прифатија. Ако се однесувате како да не е голема работа, луѓето нема да ви посветат толку многу внимание", призна Пајџеј, но истакна дека сè уште има негативен публицитет и се среќава со прекорувачки погледи.

Пејџеј има момче со кое е во врска веќе пет години. Таа вели дека тој ја поддржува во нејзините необични животни навики.

Бараат ли Албанските политичари загарантирана „7ца на Лото“ за следното коло на 15 Јули?

Колку наивно да изгледа, „политичкото“ барање на ДУИ за етнички Албанец премиер, на кое се надоврзаа и Села и Тачи, треба да ги загрижи сите останати политички структури и граѓани во Македонија.

Барањето за „етнички Премиер“ на ДУИ, и последно објаснување на Бујар Османи во минатото издание на Само Интервју наликува на аналогија со игра на Лото.
Луѓето си уплатиле ливчиња ( албанските партии се пријавиле за учество на избори ), легитимно и чесно, секој може да „игра Лото“, а уплатата е за следното „коло“ на „Лото“ закажано за 15 Јули, при што велат - ако нам не ни падне „седумката“ , тој што ќе има најмногу среќа „ да победи на изборите“, односно да му се падне „7ката“ нема да може да се израдува на „наградата“...или добитникот ќе ни ја даде наградата , или ние ќе си направиме „наше Лото“, а дури може и да се „истепаме“ - што би кажал Мендух Тачи вечерва, дека ако нема Влада без Албанците, можно е повторно да има војна.
Латентно, бенигно, дел од албанските политичари ни праќаат политичка но и општествена порака дека после 15 јули можно е да се случи поделба на : „ние„ и „вие“, нешто што се нарекува Бинационална држава или федеразлиација на Македонија
Чудно е што институциите како што се ОЈО, МВР и др. се прават и „глуви и слепи“ на канонадата на заканувачки изјави на дел од албанските политичари , кои велат - зошто Македонците треба да имаат ексклузивитет за политичката позиција Премиер, и ако не се случи тоа , не се знае како ќе „заврши“ целиот тој изборен процес?
Дополнително, малку и вознемирува што останатите етнички партии, пред се македонските, турските, српските, босанските,речиси воопшто не реагираат на овие типични и класични „закани“, кои воопшто не смеат да се сметаат само како ефтин „политички маркетинг“. Искуството едноставно тоа ни го кажува, искуството од блиското минато, особено последните 4 години.

Дали тоа дел од Албанските политичари ги „будат духовите“ од 2001, останува да се види после изборите на 15ти Јули, но сакајќи или не се поставува следново прашање:
Што доколку не се „падне 7ката“, на следното „коло на Лото“ на 15 Јули, туку има двајца добитници на „6ка“, и тоа двајца Македонци?
Ќе биде ли некој од нив, двајцата добитници на „6ка“, политички доблесен и дали ќе ја подели наградата од “6ката“ со некој кому не му се паднала ниту „4ка“?
Стануваме ли полека „Лото држава“, во која 7цата не е “главната награда“ туку „4ката“?

15 Јули е блиску...ќе биде многу интересно, особено за коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите во Белград насилно влегоа во зградата на Собранието, има повредени (ВИДEO)

Илјадници демонстранти , кои протестираат против новите рестриктивни мерки што ги најави претседателот Александар Вучиќ , упаднаа насилно во зградата на Собранието.

Со повици и запалени факели , десетици демонстранти влегоа насилно во згрсдата на парламентот. Полицијата кон нив фрлаше солзавец , но сепак не успеа да ги спречи .

Во судирот со полицијата има и повредени граѓани , но нивуот број засега не познат . Се знае дека полицијата почнала да приведува дел од демонстрантите кои упаднале во зградата на Собранието.

Околу 22 часот илјадници српски граѓани се собраа во близина на зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот на земјата, Александар Вучиќ, дека ќе бидат вратени драстичните мерки, вклучително и враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на отворено.

Хаос во Белград: Илјадници излегоа против полицискиот час на Вучиќ , полицијата употреби солзавец (ВИДЕО)

Илјадници српски граѓани се собраа во близина на зградата на српскиот парламент по најавата на претседателот Александар Вучиќ, дека ќе бидат вратени драстичните мерки, вклучително и враќање на повеќедневниот полициски час и забрана за собирање .

Граѓаните се собраа во близина на српскиот парламент и го запреа сообраќајот на платото пред зградата на парламентот. Најпрво имало неколку стотици , а тој број се зголеми на неколку илјади во текот на вечерта.

Луѓето извикуваат „Вучиќ крадецу“, „Вучиќу пе**ру“, „Оставки“, „Предавство“, свиркаа и некои удараа со тенџериња.

Поединци исто така извикуваат „Косово е срцето на Србија“, „Не сакаме мигранти“.

Околу 22:10 часот, демонстрантите тргнаа кон зградата на парламентот. На платото пред зградата на Собранието, тие запалија факели и почнаа да се пробиваат во зградата. Дел од нив успеаја, по што оклопната полиција интервенираше и успеа да ги избрка од парламентот.

Илјадници луѓе сега се пред зградата на Собранието, а кордон на полицијата е пред вратата во целосна подготвеност.

притисни ентер