НАСА откри бројни земјотреси на Марс

Марс можеби изгледа суво и правливо однадвор, но има изненадувачки внатрешен живот, според новите откритија од мисијата „InSight“ на американската вселенска агенција НАСА.

Lander InSight, кој се спушти на Црвената планета пред 15 месеци, откри голема сеизмичка активност, неочекувано силно локално магнетно поле и околу 10,000 вртлози по површината на Марс.

Откритието, објавено во понеделникот во списанијата „Nature Geoscience“ и „Nature“, ќе им помогне на научниците да ги откријат тајните на Марс и да разберат зошто изгледа толку поразлично од Земјата.

„Она што овие резултати навистина ни го покажуваат е дека Марс е активна планета“, вели Брус Бандерт, шеф на мисијата со седиште во Калифорнија.

InSight се наоѓа во кратер широк 30 метри на вулканско плато каде супстанциите на површината на планетата се стари од 3,7 милијарди до само 2,5 милиони години. Околу 2.500 километри е оддалечено од вулканска област полна со докази за проток на лава и знаци дека проточна вода некогаш  течела по површината.

„Сè што е активно во последните неколку милиони години, може да биде активно и денес, особено во длабочината“, вели Банерт.

Ландер има сеизмометар што мери земјотреси во горните слоеви на Марс и е опремен со сензори за температура, ветер и магнетски притисок.

Уредот регистрирал 174 земјотреси до 30 септември, вклучувајќи повеќе од 20 со јачина од 3 до 4 степени.

Тектонските активности на Марс се предизвикани од деформација и пукање на горните слоеви на планетата, што е резултат на ладење и смалување на внатрешноста на планетата.

Големите земјотреси на Марс се поретки отколку што очекуваа научниците и немало помоќни.

На Марс се наоѓаме во истата ситуација што геофизичарите на Земјата беа во раните 1900-ти, вели Банерт, додавајќи дека научниците во моментов имаат многу повеќе податоци отколку заклучоци.

притисни ентер