Холандија децидна – на страната на Македонија сме да ги почне преговорите

Новата методологија за проширување е главна тема на состанокот во Брисел на министрите за надворешни работи на Европската Унија...

Холандија го кристализира ставот - зелено светло за Македонија, скептичност за Албанија. Министерот за надворешни работи, Стеф Блок по денешниот Совет за општи работи во Брисел порача дека Хаг дава поддршка за земјава да ги почне преговорите, но вели дека за консензус од сите 27 земји членки е прерано да се зборува. Според Блок, клучно е Македонија да добие позитивен извештај за напредокот за 10-ина дена.

-Новата методологија за нас е разумна, но се уште не сме разговарале за почеток на преговори. Прво сакаме да го видиме новиот извештај на Комисијата, кој мора да покаже јасен напредок. За двете земји нема асполутно зелено светло. А кога би имало? Кога ќе ги исполнат критериумите. Северна Македонија, како што сум посочил и претходно, веќе направи значително подобрување. Затоа Холандија веќе е на нивна страна, но за Албанија би сакале поголем прогрес. , изјави Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија

За шефот на романската дипломатија пак, новата методологија не смее да биде алиби за пролонгирање на почетокот на преговорите.

-Ја поддржуваме одлуката за што е можно поскоро отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија. Можеме да ја направиме оваа методологија поефикасна, но единствен услов е таа да не ги блокира или одложи тековните процеси, посебно со Северна Македонија и Албанија, изјави Богдан Ауреску, министер за надворешни работи на Романија

Извешатите за напредокот на Македонија и Албанија во скратена форма се очекува да бидат објавени кон почетокот на март, а првиот тест за евентуален датум за преговори двете земји ќе го имаат на Европскиот Совет на 27 ми март. Главниот предизвик и натаму останува прашањето дали Македонија може да извиси поради пакетот со Албанија, со оглед дека клучните земји членки се скептични кон Тирана, а во исто време, не отстапуваат од позицијата за можно раздвојување на двете земји.

Сакал да натепа дете на улица, не знаел дека нападнал светски шампион и лошо поминал (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од насилство, кое завршило неочекувано. Непознат насилник сакал да претепа момче кое седело на клупа со пријателите.

Се покажало дека е светскиот јуниорски шампион во бразилско џиу-џицу Алекс Вилијамс (16). Видеото го објави поранешниот шампион во Cage Warriors, Алекс Енлунд, кој денес му е тренер на Вилијамс.

"Возрасен маж се обидува да нападне 16-годишник кој е повеќекратен светски шампион во Џеј- еј. Алекс покажува смиреност, воздржаност и храброст во оваа ситуација. Запишете ги децата во училиште за боречки вештини. Малку е веројатно дека ќе стане насилник поради смиреноста што се учи на душеците. “, напишал Енлунд во објавата.


Туристите кои летаат во вселената со SpaceX, разговарале со Том Круз

Туристите на SpaceX во моментов орбитираат околу Земјата со вселенско летало, разговарале од вселената со познатиот актер Том Круз.

Ракетата SpaceX полета во средата од Флорида со првиот целосно цивилен екипаж што некогаш бил лансиран на лет кон орбитата на Земјата, а мисијата треба да трае околу три дена.

Летот на Спејс Икс од вселенскиот центар Кенеди на Кејп Канаверал го изнајми американскиот милијардер Џаред Исакман, 38-годишниот основач и извршен директор на компанијата за финансиски услуги Shift4 Payment, исто така искусен пилот.

Покрај Ајзакман, на бродот има уште три лица, а овој квартет аматери патници во вселената се подготвувал со месеци за летот .

„Рук, Нова, Хенкс и Лео денес разговараа со Том Круз “, објави на Твитер мисијата Inspiration4, користејќи ги прекарите на првите четири турусти што летаат во SpaceX.

„Тие ги споделија своите искуства од вселената“, се појаснува на твитот. „Маверик, можеш да бидеш наш крилен напаѓач кога сакаш“. Маверик е името на елитниот пилот што го толкуваше Том Круз во филмот Топ Ган.

Минатата година, поранешниот администратор на НАСА за време на администрацијата на Доналд Трамп, Џим Бриденстајн најави бестежински филм со Том Круз на Меѓународната вселенска станица.

Деталите за филмот, кој треба да се снима во соработка со SpaceX, се уште не се познати.

Во кинеските ковид- болници малите деца се без придружба и во заштитни комбинезони (ВИДЕО)

Во бел заштитен комбинезон од глава до петици, четиригодишно момче оди по болнички ходник за да стигне во собата со скенер.

„Момчето (4) е заразено со корона, за жал, нема родители за придружба, оди сам во карантин, стои во описот на видеото на социјалната мрежа Твитер.

Сцената е снимена од медицинска сестра во карантинска болница во Путијан, кинеското жариште на делта сојот.

- Ќе ми се скрши срцето, е еден од коментарите на „Weibо“, кинеската платформа слична на Твитер.

- Очите ми се насолзија, напишал друг корисник.

Видеото служи како моќен потсетник за цената на кинеската политика за борба против корона вирусот, што и помогна на земјата да ги задуши повеќекратните повторувања на инфекцијата.

Инструкциите за елиминирање на вирусот се состојат од затворање на цели населби, тестирање на милиони жители за неколку дена и брзо изолирање на заразените луѓе и нивните блиски контакти во назначените објекти, пишува Си -Ен -Ен.

Овој пат, строги мерки се применети и за учениците - меѓу кои епидемијата за првпат е откриена и брзо се прошири. Со цел да се спречи понатамошно пренесување, заразените деца веќе се одделени од родителите во градинките и се сместени во болничка изолација.

Дури и децата кои биле во контакт со заразено лице, а тестовите покажале дека се негативни, биле ставени во карантин без родители.

Подоцна, сето тоа малку се олеснило, па на децата под 14 -годишна возраст им било дозволено да останат со своите родители или членови на семејството во карантин, но изолацијата за заразените деца останала.

Медицинската сестра која го снимила видеото за локалните медиуми изјавила дека очите и биле полни со солзи кога видела брза помош полна со деца во заштитни костуми, кои дошле доцна бидејќи едно дете не сакало да излезе од дома и плачело два часа пред да го принудат да влезе во возилото на брза помош.

Кога пристигнале, децата отишле на скенер, а некои биле толку мали што не можеле да се качат на масата за лекарот да ги прегледа, вели оваа медицинска сестра.

- Срцето ме заболе кога ги видов тие мали деца сосема сами, без родители до нив, во болница, кои беа многу исплашени, додаде таа.

На Веибо, некои се прашуваа зошто таквите мали деца не можат да ги следат нивните родители. Други објавиле дека нивните родители веројатно биле сместени во централен карантин како блиски контакти на заразените.

притисни ентер