Американска компанија тврди дека има вакцина против коронавирус

Американската  компанија Moderna Inc. ја достави својата прва серија вакцини против коронавирус до надлежните американски здравствени агенции за да може да се започнат првите тестови на луѓе.

Moderna Inc. вчера објави дека испратила примероци од вакцини до Националниот институт за алергии и заразни болести (НИАИД) и дека очекува првите клинички испитувања да започнат кон крајот на април. Прелиминарните резултати би можеле да бидат достапни во јули или август, според „Волстрит журнал“.

Компанијата ја користела технологија mRNA (месинџер РНК), што е прилично ветувачки затоа што вакцините за mRNA се хипотетички побрзи и поефикасни од оние што се засноваат на ДНК.

Причината е што вакцините засновани врз ДНК треба да комуницираат со клеточното јадро, додека mRNA се наоѓа низ целата клетка и затоа е многу подостапна.

Од друга страна, Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека се надева на лек против ебола , кој се покажа ефикасен во намалувањето на симптомите на СОВИД-19.

Таа додаде дека клиничките испитувања врз луѓето веќе биле во тек и дека резултатите би можеле да бидат познати за неколку недели.

притисни ентер