Царовска: Минималната плата ги покачи и останатите плати во државата

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска смета дека покачувањето на минималната плата ги дало очекуваните резултати.

Односно дека го стимулирало зголемувањето и на останатите плати, што според неа, може да се види од растот на просечната плата во државата.

– Сите мерки што ги презедовме заедно со сите социјални партнери, тоа се работодавачите, стопанските комори, синдикатите, беа со цел да се отвори спиралата и да се покачат платите. Тоа може да се види од тоа што просечната плата во нашата држава интензивно расте како што никогаш досега не било случај. Претходно имаше раст од 1,8 проценти, сега секоја година имаме речиси над 4,7 проценти раст на просечната плата. Ова укажува дека навистина интензивното растење на минималната плата доведува и до раст на просечната плата, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Драчево, каде треба да се изгради градинка.

Таа нагласи дека изедначувањето на платите за кое говорат одредени анализи се однесувало само на првото покачување на минималната плата на околу 12 илјади денари.

– Потоа воведовме мерка што значеше раст на платите од 12 до 18 илјади денари за да може преку Буџетот компаниите да се поддржат да ги покачат платите. Видовме дека ги покачија платите без да ги искористат тие мерки. И последната мерка која што е за субвенционирање на придонесите беше целосно адаптирана на потребите на работодавачите, се со цел да се избегне таа урамниловка и видовме дека тие ги искористија. Повеќе од 107 илјади работници денеска добиваат субвенционирано плаќање на придонеси за нивните плати пораснат за до 6.000 денари и тоа не беше распонот само до минимална плата, туку сите плати да можат да пораснат до 6.000 денари независно во кој сектор. И се виде дека една четвртина како што проектиравме од вкупниот број на работници во реалниот сектор добија зголемување на платите согласно субвенционирањето, рече вицепремиерката Царовска.

Сметам, додаде таа, ако сите мерки се донесуваат и спроведуваат на ваков начин заеднички со социјалните партнери ќе добиеме и раст на платите, но и нема да бидат загрозени гранките што се критични во даден момент.

Вчерашните изјави на претставници на текстилната индустрија дека се во криза и најавите дека доколку се случи најавеното зголемување на минималната плата индустријата ќе згасне, за Царовска се предизборни предупредувања за да бидат реални и издржани програмите на политичките партии.

– Јас тоа така го разбрав вчера заради тоа што почакувањето на минималната плата на 14.500 денари што се случи како зголемување во декември е веќе апсолвирано. Јас разговарав и со стопанските комори и со работодавачите и тие велат дека оваа минимална плата е веќе апсолвирана, рече Царовска.

Ние како Влада, додаде таа, покажавме дека секое зголемување на минималната плата го правевме заедно со нив и секогаш наоѓавме начин како да ги поддржиме најранливите – овој пат со субвенционирање на придонесите, а минатиот пат директно со обезбедување на финансиски средства од Буџетот за да може да ги исплатиме компаниите коишто ќе имаат потреба од дополнување на нивните буџети.

– Сметам дека сега во наредниот период со нив дискутираме за техничко-технолошки развој во компаниите за да ја зголемиме продуктивноста. И ние никогаш нема да одиме во насока на зголемување на минималната плата ако не сме сигурни дека економијата може тоа да го издржи од една страна, но од друга страна нас ни требаат продуктивни компании коишто можеме да ги добиеме само ако вложиме во нивни техничко-технолошки развој и понатаму така да ја движиме нашата држава и економија, изјави вицепремиерката Царовска. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство. 

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

- Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

притисни ентер