Музејот за ретки минерали во Пробиштип треба да биде изграден до крајот на мај

Во рударскиот град Пробиштип деновиве интензивно се гради  регионалниот Научен музеј за ретки минерали. 

Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов изјави дека музејот ќе биде и единствен во државата. Изведувачот на градежните работи има рок до 31 мај да го изгради музејот.

-Со подобрување на временските услови изведувачот интензивно работи на објектот. Збирката со над 250 експонати наскоро ќе добие свој оригинален простор, а општина Пробиштип ќе ја збогати својата автентична туристичка понуда, рече Анастасов.

Богатата збирка од ретки минерали се чува во Домот на културата „Злетовски рудар". Инвестицијата чини 9,2 милиони денари, од коишто 60 отсто се обезбедуваат преку Бирото за рамномерен регионален развој, а останатите се од буџетот на Општина Пробиштип.

Музејот на ретки минерали треба да биде дел од туристичката понуда на Пробиштип кој на туристите им го нуди преубавото и живописно село Лесново, потоа старата населба Злетово, каде што се уште работат познатите злетовски грнчари и ги изработуваат македонските бардаци, глинeни тави, котлиња и најразлични сувенири.

Овој Музеј на ретки минерали предвидено е да биде и едукативен центар за студентите на факултетите по рударство и геологија. Проектот е од регионален карактер и ќе овозможи поголем развој на туризмот во Источниот плански регион. /МИА

Газета: Конте тешко во Милан, тројца кандидати во преден план

По уште еден разочарувачки резултат во дербијата против Интер, јасно е дека Стефано Пиоли повеќе нема да биде тренер на Милан на крајот од сезоната. И тоа е можност медиумите да шпекулираат со различни кандидати.

Долго време како прв избор се споменуваше Антонио Конте. Наводно за него сериозно се залагал и Златан Ибрахимовиќ. Но, како што пишува „Газета дело Спорт“, поранешниот тренер на Интер, Јувентус, Челси, Тотенхем не изгледа како веројатна опција.

Според истиот весник, во моментов најсериозно се разгледуваат тројца кандидати. Во прашање се селекторот на Белгија, Доменико Тедеско, тренерот на Порто, Серхио Консеисао и Марко Розе.

Но, тоа не се единствените имиња во оптек. Како „втор ешалон“ кандидати сеспоменуваат и Кристоф Галтие и Марсело Гаљардо. /MИА

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

притисни ентер