СДСМ: За само 2.5 години ја стабилизиравме економијата и обезбедивме раст кој овозможи унапредување на животниот стандард

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за само 2.5 години ја стабилизираше економијата и обезбеди раст кој овозможи унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Преку креативни политики, реални и развојни реформи покажавме дека имаме визија и знаеме како од Република С. Македонија да направиме развојна и просперитетна држава.

Овозможивме отворање на 60.000 нови работни места и обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто, а стапката на невработеноста на младите падна на 35,3 проценти.

Ова е најниска стапка на невработеност досега.

Имаме план и знаеме како со успешни и конкретни економски политики да создадеме клима за отворање нови работни места.

Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Се покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и  99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година очекуваме  отворање  на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари. Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ  секој граѓанин е важен!

На прав пат сме!

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

притисни ентер