Дербито Јувентус – Интер без публика поради коронавирусот

Поради ширењето на коронавирусот на северот од Италија, донесена е одлука 6 натпревари од фудбалското Калчо да се играат без публика.

Серија А и Министерството за спорт на Италија во договор со надлежните служби донеле одлука 6 средби од претстојното 26 коло да се играат без присуство на публика, поради ширењето на коронавирусот.

Меѓу натпреварите кои ќе се играат пред празни трибини е и супер дербито Јувентус – Интер.

Поради оваа одлука домаќинот Јувентус ќе остане без 5 милиони евра приходи од влезници и реклами.

Покрај нив без присуство на публика поради се поголемото ширење на коронавирусот на северот од Италија ќе се играат и дуелите Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – Спал, Сасуало – Бреша и Сампдорија – Верона.

Публика на трибините ќе има само на мечевите Наполи- Торино, Каљари – Рома и Лече - Аталанта.

притисни ентер