Нетфликс воведува нова опција, избирањето на филмови и серии ќе биде полесно

Нетфликс има толку многу филмови и серии што тоа сериозно почнува да  пречи во сортирањето на содржините. Тие решиле да поработат на овој проблем.

Понекогаш може да биде многу тешко да се избере следната серија или следниот филм за гледање. Новата Нетфликс функција им помага на корисниците во тоа.

Почетниот екран на Нетфликс апликацијата сега ќе ги прикажува првите 10 најпопуларни содржини, но функцијата за жал е ограничена само за корисниците во САД. Лисата најпопуларни филмови и серии секојдневно ќе се менува во зависност од тоа што е најпопуларно на платформата.

Секако, ова се разликува од категоријата „trending now“, која варира од корисник до корисник. Доколку на корисникот не му одговара некоја серија која е високо рангирана во трендинг, помалку е веројатно дека Нетфликс ќе ја препорача, пишува „Gizbot“.

Дали и кога оваа функција ќе стигне во Европа, останува да видиме.

притисни ентер