СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ моли ЕУ да не ни даде датум

ВМРО-ДПМНЕ е криминална и антидржавна партија која ги загрозува европските аспирации на државата за да си отвори шанса повторно да го инсталира режимот и да го амнестира партискиот криминал.

Нивниот последен скандал е обидот да издејствуваат Европската Унија да не и додели датум за почеток на преговори на С. Македонија. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ ја доведува во опасност иднината на државата и на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ како аргумент да ја оправда ваквата антидржавна политика ја користи лагата дека со доделувањето на датум за преговори во март, Европската Унија ќе влијае врз изборната кампања со фаворизирање на одредена партија.

Партијата на Христијан Мицковски моли меѓународни преставници и европратеници да не се додели датумот за преговори затоа што нивната режимско – криминална матрица е така кодирана – да ја уништува државата, да и ја блокира европската иднина и повторно да ја окупира.

Крајната цел на ВМРО-ДПМНЕ е С. Македонија никогаш да не стане членка на НАТО и на ЕУ само за да си го спасат криминалот и одговорноста што ја покрадоа државата.

ВМРО-ДПМНЕ никако да научи дека реформите, резултатите и успесите не се постигнуваат за партиите, туку за државата. Датумот за почеток на преговори со ЕУ ќе и се додели на С. Македонија, а не на СДСМ или на која било друга партија во власта.

Затоа ваквите потези на ВМРО-ДПМНЕ да лобира за државата да не добие датум, се крајно опасни, непромислени и ја загрозуваат европската иднина на граѓаните.

СДСМ ќе остане посветена на правиот пат кон Европа. Таму е нашата иднина и иднината на нашите деца. Ние ќе сториме се нашата држава во март да го добие датумот за преговори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер