Нови 508 случаи на Коронавирус во Кина, четврта жртва на крузерот кај Јапонија

Нови  508 потврдени случаи на заразени од Коронавирус се откриени вчера во Кина.

Вкупниот број потврдени случаи во континентална Кина изнесува 77.658, објави денеска Националната комисија за здравство на земјата.

Бројот на починати, според најновите податоци, е 2.663 лица.

Во Јапонија, пак, од новиот Коронавирус, наречен Ковид-19, почина четвртиот патник од бродот „Дајмонд Принцес“, објави телевизијата НХК, додавајќи дека починатиот имал 80 години.

притисни ентер