Министерот Филипче со апел да не се крева паника

-Бидете одговорни и не кревајте паника, апелираше ноќеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој испрати апел до граѓаните да бидат одговорни, да не шират лаги и да не креваат паника во врска со Коронавирусот откако по социјалните мрежи се проширија информации дека специјални полициски единици се присутни во Клиничкиот центар поради пациент со Коронавирус.

Сличен апел на фејсбук ноќеска испрати и доктор Фадил Цана, кој синоќа како дежурен доктор на Инфективната клиника го примил и тестирал Италијанецот за кој постоеше сомневање дека е заразен со Коронавирус.

Доктор Цана објавувајќи фотографија од себе облечен во заштитна облека согласно утврдениот протокол укажа дека  проблемот со вирусот треба да се третира како прашање на државната безбедност и да се подигне нивото на подготовка вклучително и јавни информации за спречување на ширење паниката.

притисни ентер