Поповски – Тимоние: Клучна определба на Владата е целосната слобода и независност на медиумите

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се сретна со францускиот амбасадор во државава Кристијан Тимоние.

Тие разговарале за заложбите на Владата за целосна слобода и независност на медиумите, особено во предизборниот период.

Како што соопшти владината прес-служба, францускиот амбасадор изразил надеж дека претстојните избори ќе се одржат во фер и демократска атмосфера и дека тоа е особено важно во пресрет на најавите за добри вести за Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Амбасадорот Тимоние, се додава, исто така подвлекол дека атмосферата во Париз по ова прашање е многу подобра и оти со заедничка работа со овдешните политички чинители ќе бидат постигнати резултати, како прилог на заложбата на Франција за што побрза интеграција и напредок на земјите од Западен Балкан.

-Амбасадорот Тимоние истакна дека ги цени напорите за целосна транспарентност на оваа Влада. Тој истакна дека има подобра атмосфера и во областа на медиумите и изрази надеж дека во наредниот период ќе се надмине големата политичка поларизација во оваа сфера за сметка на професионалноста, се наведува во соопштението.

Министерот Поповски информираше дека Владата постигна извонредни резултати на полето на транспарентноста – од последното место на кое се наоѓаше по ова прашање во 2017 година, таа сега е на прво место меѓу шесте земји од регионот.

-Наша цел е Владата на Република Македонија да биде подеднакво транспарентна како владите на државите во Европската Унија, особено во поглед на криминалот и неговото обелоденување. Издејствувавме и максимална транспарентност на трошоците на сите министри и директори на јавните претпријатија до најмал детал. Исто така, ние сме единствена Влада во Југоисточна Европа која секоја буџетска трансакција ја стави на увид на граѓаните, подвлече Поповски.

Околу финансирањето на медиумската изборна кампања, Поповски истакна дека власта и опозицијата ќе имаат подеднаков број минути за закуп на простор за кампањата.

– Министерот Поповски истакна дека по углед на европските влади и Владата на Македонија гради стратегија за давање директна поддршка на печатените медиуми и тоа во износ од 50 проценти од трошоците за печатење и 50 проценти од трошоците за дистрибуција за медиумите што се печатат на македонски јазик и во износ од 70проценти за медиумите што се печатат на јазиците на помалите заедници со што Владата го стимулира нивниот медиумски развој, се посочува во соопштението.

Во поглед на работата на порталите и социјалните мрежи, Владата, додал министерот, ги следи насоките на Европската Комисија и ја поддржува саморегулацијата на новинарските здруженија. Во таа насока е поздравена иницијативата на Здружението на новинарите и на Советот за етика во медиумите за листа на професионални медиуми во државата, со надеж дека оваа иницијатива ќе помогне за зајакнување на професионалноста на овие медиуми, како и од аспект на нивната одржливост на медиумскиот пазар.

Поповски го подвлекол и значењето на усвојувањето на Стратегијата за справување со лажните вести подвлекувајќи дека оваа Влада посветува особено внимание на подигнување на нивото на медиумска писменост на граѓаните, која е во план да се вгради и во образованието, стои во соопштението. /МИА

Ковачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите

Гарантираме 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија за достоинствен живот на нашите пензионери,на оние кои ја изградија државата, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Струга.

За пензионерите обезбедуваме и многу други финансиски мерки за поддршка, порача Ковачевски, презентирајќи ги пред стружани мерките предвидени во програмата за европска Македонија на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ковачевски нагласи дека во изминатиот период СДСМ обезбеди достоинствени примања за пензионерите и ги зголеми пензиските примања за 55%.

Јасно ми е дека очекувањата се поголеми, ние сме подготвени да работиме ден и ноќ, додаде тој.

-Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме барањето на граѓаните за попросперитетна држава, со новата програма за европска иднина. Оваа програма е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност. , рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски попладнево во Струга, се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски од Шуто Оризари:Македонија ќе оди напред само ако ги вреднува сите етнички заедници

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од Шуто Оризари порача дека Македонија, како мултиетничка земја, може да просперира и да оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници.

„Ромите за мене се еднакви како и сите останати граѓани. Јас не ги разликувам луѓето по нивната верска или етничка припадност. Кај мене можел да дојде секој што ќе посака, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин или Ром, дури и ако не гласал за мене,“ истакна Пендаровски и додаде дека во нашата земја има врвни интелектуалци Роми кои придонесуваат за развој на нашата заедничка татковина.

Во насока на афирмација и поголема видливост на Ромите во општеството Пендаровски посочи дека во рамки на неговиот тим како претседател има советничка која ги адресира проблемите и предизвиците на Ромите.

„Секогаш кога некој бара помош од мене, помагам во рамки на моите надлежности, но и надвор од нив. Се јавувам кај пријатели, пратеници, доктори. Мора да бидеме солидарни и да им помагаме на послабите, на маргинализираните", заклучи Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Силјановска-Давкова: Пендаровски на многу закони стави вето, време е тој да добие вето!

Профероската Гордана Силјановска-Давкова од Кратово порача: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето, време е граѓаните да му стават нему вето!

Во својот говор Професорката Горданa Силјановска -Давкова порача:

Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето, време е граѓаните да му стават нему вето!

Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното.

Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате! Можеби така го замислува претседателот ветото! Јас не знам како го замислува! Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува! А мислам дека и вие треба вето да му ставите.

Ние кога го критикуваме ДУИ, не ги критикуваме албанците. Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот!

Мислам дека најважната битка што мора да почне на 24-ти, а да биде потврдена со најголема можна брзина во иднина, е бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот! Корупцијата и криминалот немаат никаков етнички или религиозен предзнак! Не!

Меѓутоа, ни економија, ни образование, ниту култура, ни земјоделие, не може да се развиваат без правна држава во која сите ќе бидат под Уставот и законите! Во која нема да има селективно судство, ниту несанкционирање на потезите на многу други оти веќе бегање нема!

Во последниот извештај на Фридом хаус до нас е упатена порака: - Крајно време е да престанеме да бидеме хибриден режим кој се врти во корупцијата и криминалот! Крајно време е стручноста и компетентноста да бидат важечките критериуми за влез во било која професија, за било која функција! Така не само што ќе ги задржиме најупешните и ќе ги охрабриме младите да останат тука, туку ќе се знае дека кој и да дојде на власт, државата ќе функционира. Оваа држава не функционира како правна држава!

Тука и претседалот има улога, јасно ви е. Поминаа многу закони на кои мораше да им стави вето. Еден од најстрашните е оној за измени на Кривичниот законик! Значи, тој стана соученик во стимулирањето на криминалот. Зошто? Затоа што измислуваше најразлични аргументации зошто измените се добри, па споредуваше со Германија и слично. Но, факт е дека обезбедија со тој ужасен закон, всушност легализација на корупцијата и криминалот. Односно, обезбедија заштита на корумпираните и на криминалците. Ние тоа нема да го дозволиме! На ниту едно ниво, во ниту една институција. Оти силните институции, процедурата и санкционирањето се гаранција не само за демократска, туку и за правна држава. Таквите држави се европски држави, а не државите што тие ги нарекуваат европски, како нашата. Не е европска нашата држава!

Но, верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите на Македонија како европска држава! Стандардна држава!, рече Силјановска- Давкова, соопшти нејзиниот тим.

притисни ентер