Текстилците предупредуваат ќе има масовни отпуштања ако продолжи да се зголемува минималната плата

Текстилната индустрија нема да може да поднесе уште едно зголемување на минималната плата. 

Експертите предупредуваат дека секторот ќе се соочи со колапс и масовни отпуштања доколку идните креатори на политиката не се насочат кон поддршка на фирмите за купување опрема со која би ја зголемиле продуктивноста.

„Затоа се неопходни воздржувања од креаторите на економскитеп олитики во делот на најавите за натамошно згоелмување на минималната плата. Тоа нема да им наштети на сопствениците кои ќе бидат приморани да ги затворат своите фабрики, туку многу повеќе ќе им наштети на работниците кои во текстилната индустрија се преку 30 000. / Создадовме мит дека сме прости, неквалификувани, а всушност, не може да бидете продуктивни и да имате висока индустриска норма ако работите на рачни машини“,изјави проф. Дарко Лазаров, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Неколку фирми веќе ставиле клуч на врата, потврдија работодавачите. Бараат борба со сивата економија, митото и корупцијата, реформи во образованието како и во стопанството.

Како дополнителна закана за кожарската индустрија го посочија и корона вирусот. Извозот за Италија може да запре, бидејќи кожарците најмногу извезуваат во таа земја.

„Факт е дека неколку компании пропаднаа кај нас. Во најлоша состојба моментално е кумановското стопанство, таму е кожарската индустрија многу развиена и ако се случи сега нешто со корона вирусот во Италија, верувајте таму може да замре целата индустрија, “изјави Ангел Димитров, претседател на текстилна и кожарска индустрија.

Платите изминативе 10 години постојано растат, но бројот на работници се намалува, велат работодавачите. Просечната плата за текстилците лани била нешто повеќе од 17 800 денари, а извозот изнесувал 543 милиони евра, што е намалување од над 6,5% или 38 милиони евра помалку во однос на претходната година.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер