ИН МЕМОРИАМ - Почина македонскиот пејач Ѓорѓи Желчески

Денеска во Белград во 82 година од животот почина „амбасадор на македонските песни“, легендарниот пејач Ѓорѓи Желчески  од дуото Селимова - Желчески, информираат српски медиуми.

Ѓорѓи Желчевски заедно со својата сопруга пејачката Кевсер Селимова зад себе остави бројни хитови, пренесе српскиот портал „Еспресо.рс“.

Желчески беше роден во Прилеп во 1938 година. Кариерата како пејач ја започнал како солист во Радио Скопје, а десетина години подоцна станува дел од легендарното дуе Селимова - Желчевски. 

Во последните 30-тина години Ѓорѓи  Желчески со сопругата Кевсер и ќерката живееше и работеше во Белград.

притисни ентер