УХМР: Од среда дожд и снег и пониски температури

Сончево и топло со мала доумерена облачност ќе биде до среда кога под влијание на влажен бран кон крајот на денот и в четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, в среда ќе дува засилен ветер од југозападен, а в четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали, од прогнозираните  20 степени до среда, на 13 односно 14 степени. Минималните температури в четврток и в петок ќе се спуштат до – 5 односно до – 7.

За денеска е најавено сончево време со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

притисни ентер