Четири лица починаа од коронавирусот во Италија

Во Италија уште едно лице почина од новиот Коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција АНСА, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергамо и имал хронични болести.

Викендот во Италија беа одложени и неколку  натпревари од Калчо поради наглото ширење на коронавирусот на северот на земјата.

  Италијанската влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија и Венето.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен ковид-19 се заразени 165 лица.

притисни ентер