Во Северна Кореја околу 380 странци ставени во карантин поради коронавирусот

Северна Кореја стави во карантин околу 380 странци за да ги спречи појава на коронавирусот, пренесуваат државните медиуми.

Претходно, земјата го прекина железничкиот сообраќај кон и од Кина и Русија.

Севернокорејските медиуми не откриваат повеќе детали за странците кои се во карантин, но се претпоставува дека се работи за странски дипломати во Пјонгјанг и оние кои дошле во земјата за некаква работа.

Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема болни од новиот коронавирус, но на почетокот од месецов беше воведен едномесечен карантин, а се спроведуваат посилни мерки за надзор на луѓето кои се разболуваат.

притисни ентер