Расте бројот на жртви од коронавирусот во Иран, паника во регионот

Иран потврди петнаесет нови случаи на коронавирусот, а сега се заразени 43 лица, додека осуммина починале, пренесува Ројтерс, додавајќи дека поголемиот дел од заразените живеат во светиот град шиитски муслимани во Ком.

„Вирусот дојде во Ком од Кина. Еден трговец од Ком, кој почина од вирусот, редовно патувал кон Кина. Летовите меѓу двете земји беа укинати, но тој патувал со индиректни летови“, изјави министерот за здравство Саид Намаки.

Ширењето на вирусот во Иран ги натера повеќето соседни земји денеска да воведат заштитни мерки.

Турција ја затвори границата со Иран и ги прекина летовите од таа земја за да спречи ширење на коронавирусот, рече денеска министерот за здравство.

Железничкиот и патниот сообраќај со Иран е во прекин откако во 3 часот по полноќ, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа. Воздушниот сообраќај од Турција кон Иран е редовен.

Владата во Кабул „привремено забрани“ патување од Авганистан кон Иран и обратно за да се спречи ширењето на вирусот во земјата, соопшти денеска Советот за национална безбедност, пренесува Франс Прес.

„Одлука за привремено забрана за патување до и од Иран“ по земја и воздух е донесена „да се запре ширењето на коронавирусот во Авганистан“, каде досега не се откриени случаи на заболување, се додава во изјавата на советот објавена по веста за три нови смртни случаи во Иран.

Пакистан денеска објави дека ја затвора границата со Иран поради стравувањата од коронавирусот.

„Ние ја затворивме границата со Иран заради информации за случаи на коронавирус во таа земја“, рече висок владин претставник во провинцијата Балучистан, долж иранската граница.

Кувајт денеска забрани влез на сите бродови од Иран „до поинаква одлука“ поради коронавирусот, објавија пристанишните власти во Персискиот Залив.

„Оваа одлука е дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот во земјата“, рече шефот на пристаната служба на Кувајт, Јусеф Абдула, пренесува државната новинска агенција КУНА.

Кувајт ги евакуира своите граѓани од Иран.

Ирак во четвртокот објави дека ќе им забрани на патниците од Иран да влезат во земјата од страв од ширење на коронавирусот, пренесе Dpa.

Јутјубер се расфрла со милиони по победата во боксерски меч (ВИДЕО)

Јутјуберот Џејк Пол објави нова фотографија на својот Инстаграм профил откако го доби третиот боксерски меч.

„1,5 милиони платени прегледи на натпреварите, собрани 75 милиони долари“, напиша тој во објавата покрај фотографијата на која позира со банкноти расфрлани низ тревникот.

24-годишната YouTube ѕвезда неодамна се фрли во боксерските води кревајќи голема прашина. Додека едни веруваат дека тој има место меѓу професионалните боксери, други веруваат дека за Пол тоа е само шоу, глуми и собира пари и дека неговата боксерска кариера ќе заврши штом влезе во ринг со професионален боксер.

Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали со новата тетоважа на задникот (ФОТО)

Ирланд Болдвин ја покажа новата тетоважа на задникот, позирајќи во бикини.

25-годишната ќерка на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали на Инстаграм со новата тетоважа. „Ставив нова тетоважа затоа што сум импулсивна“, напиша таа покрај фотографијата во костим за капење, за која од вчера доби повеќе од 18.000 лајкови.

Тетоважите не и ’се туѓи на младата манекенка и актерка, со оглед на тоа што на рацете има разни дизајни. Уште во 2015 година, на нејзиниот зглоб и беше истетовиран зборот Écureuil (верверица на француски јазик), што е наводно прекарот што и го дал нејзиниот славен татко.

Ирланд исто така не се срами да го покаже своето тело, а во неколку наврати дури и Алек Болдвин реагирал на социјалните мрежи за тоа.

Американска пејачка се соблече сосема гола, за да испрати порака (ФОТО)

Американската музичарка Лицо објави гола и целосно нефотошопирана фотографија на Инстаграм.

„Инаку ќе го скратев стомакот и ќе ја измазнев кожата, но сега сакав да ви покажам како изгледам природно“, напиша таа покрај фотографијата направена како дел од кампања, обидувајќи се да предупреди на негативните ефекти на социјалните мрежи и наметнатите стандарди за убавина.

Скоро милион и пол луѓе за неколку часа и ставиле лајк на фотографијата. „Прекрасна си“, „Кралица“, „Ова е толку силно, буквално плачам“, напишаа нејзините следбеници во коментарите.

Раперката редовно ги споделува своите голи фотографии на социјалните мрежи и, како што вели, се обидува да промовира позитивен став кон сите форми и големини на телото.

притисни ентер