На членови на српски бенд им бил забранет влез во Црна Гора, ги вратиле од граница (ВИДЕО)

На членовите на групата ,,Белградски синдикат” им е забрането влегување во Црна Гора, објави членот на групата, Феџа Димовиќ на социјалните мрежи. Тие требало да учествуваат на литија во Подгорица.

Групата неодамна ја сними песната „Зора зори“, која стана неофицијална химна на литиите што се одржуваат низ Црна Гора во знак на протест против неодамна донесениот Закон за слобода на религијата.

Од почетокот на годината, по усвојувањето на законот со кој се уредува проблемот со сопственоста над објектите на верските заедници, протестни прошетки во Црна Гора и во Србија  се организираат двапати неделно од страна на Српската православна црква, каде што се собираат десетици илјади демонстранти.

„Браќа и сестри, штотуку сме вратени од граничниот премин со Црна Гора, каде ни е забрането да влегуваме без никакво образложение и писмено објаснување. Бошко е депортиран од аеродромот во Подгорица, ние ве поддржуваме на овој начин и ви посакуваме многу успех на утрешната литија, а наскоро ќе и се обратиме на јавноста со некое подетално соопштение. објави тој на Фејсбук.

Во меѓувреме, Митрополитот црногорски Амфилохије ја награди групата со Златен медал на Свети Петар Втори Ловченски. Орденот во име на групата го добил Александар Протиќ, единствениот член на групата кој успеал да влезе во Црна Гора, пренесува Телеграф.

притисни ентер