Квентин Тарантино за прв пат стана татко на 57 години со 20 години помладата сопруга

Славниот режисер Квентин Тарантино стана татко за прв пат на 57 годишна возраст. Веста беше потврдена за ТМЗ од неговиот портпарол.

Тој доби син со неговата 20 години помлада сопруга Даниела.

"Даниела и Квентин Тарантино се среќни да го најават раѓањето на своето прво дете. Бебето е родено на 22 февруари 2020 година", се вели во соопштението. Досега не е откриено името на бебето.

Даниела и Квентин тајно се венчаа во 2018 година во Лос Анџелес, само 18 месеци откако ја објавија свршувачката.

На интимната церемонија присуствуваа бројни холивудски sвезди како Ума Турман, Брус Вилис, Самуел Л. Џексон и Дајана Кругер.

Во август минатата година објавија дека ќе имаат дете.

Двојката се запознала во 2009 година додека Тарантино го промовирал филмот Inglorious Bastards.

Во претходните интервјуа, Тарантино изјави дека не сака да има семејство затоа што е насочен кон кариерата.

"Кога снимам, нема ништо друго. Јас немам жена, немам дете. Ништо не може да застане на мојот пат. Целиот свет би можел да се запали. Не ми е гајле. Тоа е мојот живот", изјави тој за GQ пред две години.

притисни ентер