И по една година, причините за смртта на пациентот од Ресен и натаму енигма

И по една година од сомнителната смрт на 39-годишниот Ресенчанец, кој почина по операција на хемороиди во Скопје, нема епилог од истрагата, која треба да утврди евентуална лекарска одговорност.. 

И по една година од смртта на 38 годишниот Булент Ибрахим за семејството останува мистерија од што почина нивниот близок. Пред една година Ибрахим беше опериран во приватната ординација „Митановски“ од страна на хирургот Ѕвонко Николовски од приватната болница „Јанита“. По направената интервенција Ибрахим добил компликации и итно бил префрелен во градската болница „8-ми септември“, каде и починал. Од тогаш до денеска не се знае разврската на овој случај. Од обвинителство за канал 5 објаснуваат дека досегашното вештачење не е соодветно затоа што причинско – последичната врска не може да се утврди без извршена обдукација.

„Во насока на утврдување на фактите, јавниот обвинител заедно со двајца технички советници - експерти во конкретната област изврши распит на лекарот кој го изврши вештачењето. Покана за да даде исказ е упатена и до пријавениот. По комплетирање на предметот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Семејството вели дека досега само еднаш биле во обвинителство во ноември и од тогаш нема никаков одговор.

Канал 5 за овој случај разговараше и со доктори од судска медицина кои потврдија дека не смеело во ваков случај кога има индикација за можна лекарска грешка да се дозволи од страна на докторите од „8ми септември“ да не се однесе починатиот на обдукција.

Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. 

- Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво.

Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот.Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.

Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

 Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност.

Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн

Тренерот на Арсенал, Микел Артета објасни зошто Арсенал не успеа да го победи Баерн во Лигата на шампионите. 

- Во одреден момент игравме подобро, имавме многу периоди на доминација. Одредена искра што треба да се појави во противничкиот шеснаесетник е она што е потребно во ваквите конфронтации за победа. Нашиот клуб седум години беше без Лигата на шампионите. Прво сакаш да стигнеш овде, па потоа да стигнеш до полуфинале, финале. Сите ние навистина го сакаме тоа, но за многу тимови потребни се шест, седум години да го направат тоа. Сепак, бевме многу блиску, изјави Артета за „ТНТ Спортс“.

Баерн Минхен во полуфиналето на елитното фудбалско натпреварување ќе игра со Реал Мадрид.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен.

притисни ентер