Партиите ветуваат мирна и демократска кампања

На точно еден месец до почетокот на кампањата, партиите ветуваат мирна и фер кампања.. 

Кампањата за претстојните парламентарни избори ќе ни ја одреди судбината за патот кон Европската Унија, смета вицепремиерот Бујар Османи. Како шеф на изборниот штаб на ДУИ, тврди дека неговата партија нема да води валкана кампања, која ја навести премиерот Спасовски. Ќе се фокусирале на промоција на идните планови и реализираните ветувања. Прават кадровски подготовки - ограноците на партијата веќе предложиле кандидати за пратеници, но имињата засега не ги откриваат, освен дека 40 проценти од нив ќе бидат жени. 

 ,,ДУИ никогаш нема спроведено негативна кампања, нема да има ни во овој изборен циклус. Овие избори не се исти со кои било други избори бидејќи се случуваат во моментот кога се носат одлуките. Микроскопот е зголемен на многу пати што се случува во земјата, а дури и минималните инциденти ќе имаат влијание на чуството што ќе го имаат министрите и премиерите кога ќе ја носат одлуката.

Од СДСМ велат дека се залагаат за фер кампања која ќе ги исполни очекувањата на земјите членки на Европската Унија. За две недели ќе одржат партиски конгрес на кој ќе ги гласаат листите на избраните кандидати за пратеници, за кои се уште велат дека не се формирани.

 ,,За овој краток 2,5 годишен период направивме толку многу позитивни работи  за граѓаните и за државата, така што сметам дека 20 дневниот период на кампања која следува е многу краток период да ги изнесеме само нив, а камоли да се занимаваме со лошите работи што ги направија нашите политички противници.

Неодамна лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека ако имаме нефер кампања, виновна ќе биде власта бидејќи тие ги имале механизмите за манипулација.

Од Државната изборна комисија велат дека оние партии кои не го почитуваат кодексот за фер избори и оние кои одржуваат јавни собири пред официјалниот старт на кампањата закажан за точно еден месец, ќе бидат санкционирани.

притисни ентер