Електричните болиди на Римац првпат се појавија на асфалт (ВИДЕО)

Противници на Римац знаат да кажат дека никогаш не го виделе неговите елетркични болиди да возат.  Сега два одф неговите C_Two се тркаа на патеката Гробник близу Риека.

Мирослав Зрншевиќ, попознат како Мргуд, раскажува за болидите на хрватскиот производител Римац,  C_Two, поточно за тестирање на прототипот. Сега е познато дека има два прототипа , едниот на кој шасијата му е прилагодена, а другиот служи за контрола на аеродинамика.

Целта е автомобилот да се направи удобен и корисен за сопственикот при секојдневното возење, односно да обезбеди уникатно искуство во возењето. Тестовите не застануваат тука, бидејќи една копија ќе послужи за подобра калибрација на системите за управување, сопирачките и суспензијата. Вториот C_Two ќе замине во Загреб и ќе работи на погонскиот систем и неговото ладење, објаснува Мргуд.

Во секој случај, одличен вовед пред претстојниот салон во Женева каде Римац премиерно ќе се претстави со верзиите на C_Two.

притисни ентер