Во Швајцарија се отвора првиот ресторан за голи гости

Не е нелегално во Швајцарија да се биде гол во јавноста сè додека човекот без облека не стане груб или ја вознемирува јавноста.

Отсуството на закон со кој се забранува голотија во јавноста, доведува до некои прилично слободни, забавни и необични појави, како што е фестивалот во Цирих, каде голи актери настапуваат на преполните градски улици, пишува The Mind Unleashed.

Во градот Базел, нешто слично треба да се случи до крајот на месецот, за некои забавно, а за други непријатно искуство- отворање на првиот ресторан за гости без облека. И клиентите и персоналот ќе бидат без облека во ресторанот, иако сè уште не е решено дали консиержот пред барот ќе биде облечен. Гардеробата во овој уникатен објект ќе служи за во неа гостите да ја остават целата облека во која влегуваат.

На оваа локација беше првиот геј бар во Базел, отворен во 1974 година. Популарниот ресторан процвета во 90-тите години, но кога престана да биде популарно место за излегување, па работите тргнаа надолу. „Ел и Луи“, како што се вика, конечно беше затворен летото во 2019 година по пожар.

Новиот ресторан сè уште е безимен и треба да се отвори кон крајот на овој месец. Според сопственикот, кој едноставно се претставува како Деиго, персоналот веќе работи и менито е веќе одбрано.

Некои ќе го посетат ресторанот од љубопитност за да доживеат како изгледа да се јаде во просторија полна со голи странци, додека други можеби тоа го сакаат затоа што уживаат во локалната кујна.

притисни ентер