Русија и испорача моќно оружје на Србија

Првиот дел од системот за воздушна одбрана на Русија Панцир С1 денеска и беше предаден на српската армија, потврди српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

Панцир С1 го испорачал руски транспортен авион.

Вулин истакна дека со стекнувањето на одбранбеното оружје, „единствено од ваков вид во регионот“, Србија продолжува да ја зајакнува својата одбранбена моќ и да го зголемува потенцијалот за одвраќање, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Договорот меѓу Србија и Русија за набавка на една батерија за противвоздушна одбрана Pancir S1, составена од шест индивидуални системи, бил склучен минатата година.

притисни ентер