Бешикташ ги демантира Италијаните дека нивниот фудбалер Љајиќ има коронавирус

Италјанските медиуми објавија дека Адем Љајиќ има коронавирус.

Српскиот репрезентативец и поранешен играч на Интер ќе го пропушти натпреварот од 23-то коло на Турскиот шампионат против Трабзонспор, а Италијанците објавија дека тој е во карантин и е заразен со опасниот вирус.

Србинот брзо одговори и ги негираше вестите.

„Не, немам коронавирус. Тоа се лажни вести“, рече тој.

Бешикташ исто така демантираше.

"Нашиот фудбалер Адем Љајиќ има инфекција на крајниците и треска, како што е утврдено со прегледите во болницата. Тој се опоравува и моментално е стабилен. Ве молиме да не наседнивате на лагите на социјалните мрежи и тврдењата дека Адем Љаиќ има коронавирус." , напиша клубот во официјалното соопштение.

Бешикташ против Трабзон игра денеска во 18 часот.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер