Како да заживеат Мариовско-мегленските средби од двете страни на границата?

Подобрувањето на односите меѓу Македонија и Грција по Преспанскиот договор, не успева да ги заживее релациите меѓу Македонците од двете страни на грчката граница - Мариовците и Мегленците..  

Мариовците од оваа страна на границата и Мегленците од соседна Грција 35 години без успешно се обидуваат  Мариовско -Мегленските средби да ги искористат  за заедничко промовирање на овој регион, за развој на сточарството, земјоделието туризмот и презентирање на културните вредности..

Беше констатирано на синоќешната промоција  на монографијата за три и пол децении од постоењето на здруженето Мариовско- Мегленски културни средби.

Подолг период  Мегленците   како што вели претседатлот на здружението, Стојан Ѓуровски   со образложение дека имаат работа  ги избегнуваа овие средби..

На Мариово се простира на површина  од близу  1040 квадратни километри има над 230 илјади хектари дабова и борова шума,а близу 190 илјади хектари се  небработени земјоделски површини, бидејќи само во прилепскиот дел од овој регион сега има помалку од 200 жители..

На сите досегашни научни средби и во сите трудови е констатирано дека Мариово е еко средина во средината на Балканот,регион кој има голем потенцијал за земјава без сериозни домашни и странски инвестиции за искористување на сите  природни ресури со кој располага овој регион.

притисни ентер