Холограмот на Витни Хјустон тргнува на турнеја

Најавена е минатата година а оваа и официјално почнува да се реализира.

Холограмската турнеја на покојната пеачка Витни Хјустон, која е најавена минатата година, предизвика бурни реакции и негодувања од нејзините фанови.

Ништо не е поинакво и денес, кога е објавено дека холограмската турнеја на Витни Хјустон ќе започне на 25 февруари, пишува „Си-Ен-Ен“.

Турнејата ќе започне на 25 февруари во Обединетото Кралство аснимките кои се бојавија на британските телевизии предизвикаа бурни реакции од нејзините фанови кои во најмала рака сметаат дека ова е непочитување кон пеачката.

„Ова е морничаво и омаловажувачки“,„Зошто заработувате на нејзината смрт?“, „Воопшто не личи на Витни“, “Не изгледа како таа, ниту пак изгледа вистински“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Витни Хјустон која умре 2012 година на 48 години, е последна ѕвезда која ќе добие холограмски третман. Пред нејзе правени се холограми за Тупак и Рој Орбинсон.

Иако на фановите не им се допаѓа, менаџерката на покојната пеачка Пет Хјустон изјавила дека на Витни би и се допадна овој холограмски концепт.

притисни ентер