Мицкоски се сретна со Чолош и Ќучук

Соговорниците се согласни дека Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски денеска (21.02.2020) остварија средба со европратениците од политичката група „Обнова на Европа" Дачијан Чолош и Илхан Ќучук.

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, проблемите со кои се соочува Република Македонија на патот кон ЕУ и нашата европска перспектива.

Мицкоски истакна дека најсериозен проблем со кој се соочува нашата држава е високата корупција, притоа посочувајќи низа на нерасчистени корупциски афери и скандали во кои се вмешани високо функционери на владеачката партија СДСМ, што пак претставува аргумент повеќе за противниците на проширувањето на Унијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ им го напомена на соговорниците и насилното носење на Законот за Jавно обвинителство кој треба да послужи за амнестија на криминалот на власта изминативе три години.

Соговорниците се согласни дека Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ.

Тој потенцираше дека по изборите на 12-ти април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се занимава со суштински реформи на полето на правосудството и има план како да ја стави нашата држава на брзата трака за членство во Европската Унија.

Соговорниците се согласија дека фер и демократски изборен процес е клучен за иднината на државата и дека од особена важност е граѓаните слободно да можат да ја изразат својата волја.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер