Потврден прв случај на коронавирус во Израел

Оден од патниците кој во Израел стигнал од патничкиот број „Дајмонд принцес“ има коронавирус, соопштија денес израелските власти.

Тоа е прв случај на коронавирус во Израел.

Медицинскиот центар Шеба наведува дека тоа лице се лечи во карантин.

Единаесетмина од 15 Израелци кои биле во карантин на бродот за туристички крстарења закотвен во Јапонија стигнаа денес со приватен авион во Израел и веднаш се спроведени во карантин во Медицинскиот центар Шеба во Тел Авив.

Ќе им биде дозволено да излезат дури ако останат здрави 14 дена, колку што е потребно за инкубација на новиот коронавирус.

Четворица Израелци за кои е потврдено дека се заразени се лечат во Јапонија.

притисни ентер