Чолош и Ќучук: Македонија ги исполни критериумите за почеток на преговорите со ЕУ

Македонија ги исполни критериумите за да ги почне преговорите со Европската унија. 

Сега следи политичката одлука со новата методологија која ја предложи Европската комисија. Земјата направи добри чекори со законот за јавно обвинителство и ја охрабруваме да продолжи со борбата против организиранито криминал и корупцијата, порачаа Дачиан Чолош, лидер на групата на либералите во Европскиот парламент – „Renew Europe" и известувачот за Македонија во ЕП, Илхан Ќучук.

– Методологијата треба да се усвои од Советот и земјите членките и откако тоа ќе биде завршено мислам дека сите услови ќе бидат завршени да започне тој процес. Ние во Европскиот парламент ќе се залагаме за тоа, рече Чолош, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната дебата посветена на младите и Европската унија во организација на Либерално-демократската младина.

Известувачот за земјава Ќучук со порака дека Владата и опозицијата заедно треба да работат на остварување на стратешките цели на државата.

– Сигурен сум дека големи работи може да се случат во Македонија, но за тоа е потребна политичка волја. Тоа не се однесува само за Владата, туку и за опозицијата и моја заложба е дека заедно можат да работат на остварување на стратешките цели на земјата и не гледам подобра стратешка цел од тоа да се биде дел од НАТО и земја членка на ЕУ бидејќи тие можат да испорачаат висок демократски и економски стандард кои се многу потребни на регионот и на земјата, изјави Ќучук, порачувајќи дека реформите се прават заради граѓаните и државата.

ЕУ, рече Ќучук, не се однесува на политичките елити на земјата, туку на граѓаните и на младите, бидејќи тие се иднината. – Паметната политика е за следните 15 до 20 години, а не е за утре, порача известувачот на ЕП за земјава. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер