Претседателот и генералниот секретар на СДСМ во посета на Виница

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски денеска престојуваа во Виница, при што остварија посета на локалната самоуправа и на прехранбената компанија „Макпрогрес".

На средбата со градоначалникот на Виница Ивица Димитров и со претседателот на општинскиот Совет Тони Велков се разговараше за развојните цели на општината и регионот, а посебно за поддршката во развојот на локалните компании. Според Заев, вниманието на државата и во иднина ќе остане насочено кон домашното производство, со очекување на нов финансиски импулс од ЕУ.

– Целиот изминат период на сериозни и храбри политички одлуки отвора нови перспективи што досега беа затворени за домашното стопанство, а тоа се долгоочекуваните европски структурни и кохезиони фондови. Ова за Западен Балкан значи 14 милијарди евра, а за Република Северна Македонија се околу две милијарди евра, најчесто за економски прашања и политки. Тоа ќе даде придонес во јакнењето на целокупниот економски стандард. Компанијата „Макпрогрес" од Виница е наша гордост и потврда за успешно работење, со оглед што 90 отсто од нејзиното производство оди за извоз и на државата ѝ носи девизни приливи. Затоа и во иднина ќе останеме насочени кон домашното производство кое е најсилна гаранција за раст на економскиот стандард на граѓаните, истакна Заев.

При посетата на компанијата „Макпрогрес" беше нагласена определбата за зголемување на извозот и унапредувањето на квалитетот на работната сила, за што ќе се инвестира во обука и стручна надградба.

– Годинава одбележуваме 30 години од постоењето и планираме наесен овој јубилеј да го крунисаме со отворање на Институт за развој на прехранбени технологии во кој ќе можат да се вклучат сите млади луѓе, стартап-бизнисите и стручни лица од прехранбениот сектор во државата. Целта е да ја развиваме оваа индустрија и да достигнеме што повисоко ниво, а од државата очекуваме да креира политики за подобрување на состојбите. Сакаме да ги задржиме младите луѓе и да ги унапредиме условите за работа, со подобри плати, а со тоа да имаме бенефит и за компанијата, и за општеството во целина, истакна Глигор Цветанов, директорр на „Макрпогрес".

Градоначалникот на Виница Ивица Димитров нагласи дека токму „Макпрогрес" со своите 780 вработени е пример за успешно работење што треба да го следат и другите компании, пред сè во создавањето услови за нови работни места и за задржување на работната сила. /МИА

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

притисни ентер