Во Осломеј ќе се гради 100 мегаватна фотоволтаична електрана

Во рудникот за јаглен во Осломеј, ќе се гради 100 мегаватна, фотоволтаична електрана, по пат на јавно-приватно партнерство за кое веќе е објавен јавен повик.

Во Осломеј, ќе се гради 100 мегаватна, фотоволтаична електрана, по пат на јавно-приватно партнерство за кое веќе е објавен јавен повик, кој ќе трае до 8 мај годинава, а инвеститорот ќе треба да ги плати сите 80 милиони евра, колку што е проценет дека ќе чини проектот.

Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека фотоволтаичниот погон во некогашниот рудник за јаглен во близина на Кичево ќе ги покрие потребите на 20.000 домаќинства, додавајќи, дека некогашните извори на загадување, се претвораат во производство на чиста и зелена енергија.

Од владата велат дека реформата во енергетскиот сектор била еден од приоритетите уште при нејзиното формирање, додавајќи дека главен фокус во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 године е декарбонизација на енергетскиот сектор и промовирање на обновливите извори на енергија на начин кој обезбедува одржлив развој.

од македонски електрани велат дека , ќе биде потпишан договор на 35 години, а потоа сопствеништвото ќе припадне на јавниот партнер, односно, во име на отстапување на земјиштето, системските услуги и информирањето, инвеститорот ќе плаќа 10 проценти од приходите на електричната енергија,и со обврска да ги преземе и стоте вработени од затворениот рудник.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер