Работници оставени да се задушат во илегална британска фабрика за цигари во Шпанија (ВИДЕО)

Во Шпанија е откриена илегална фабрика за цигари, каде шестмина странски работници биле најдени како се борат за воздух пред да бидат спасени, соопштија властите.

Дванаесет британски државјани се осомничени за раководење со фабриката.

Во бункерот под штали за коњи во јужната провинција Малага можело да се произведат  до 3.500 фалсификувани цигари на час.

Тоа е прва подземна фабрика за фалсификувани цигари пронајдена во ЕУ, соопштија Европол и шпанската полиција.

Шестмина украински и литвански работници биле најдени како се борат за воздух,бидејќи генераторот за да внесува воздух во подрумот не работел , зашто немал бензин.  Дваесетина лица биле уапсени претходно истиот ден, но не ја известиле полицијата дека работниците сеуште се внатре. Работниците во паника  удирале и викале одоздола додека полицијата ја пребарувала областа.

Полицајците конечно ги пронашле и ги ослободиле.

Полицијата конфискувала 153.000 пакувања цигари, повеќе од 17 тони тутун, 20 кг хашиш и 144 кг марихуана.

притисни ентер