Славната Косовка предизвика метеж во Њујорк каде се шета во проѕирна облека (ФОТО)

Дуа Липа (24) деновиве е во Њујорк, каде снима ново видео, а ќе помине време во САД во дружење со своето момче, 20-годишниот манекен Анвар Хадид, братот на славните манекенки Џиџи и Бела.

Сепак, и покрај нејзините многубројни обврски , англиската пејачка со косовско потекло не ги пропушта редовните тренинзи за да остане во одлична форма.

Така, Дуа вчера беше снимена во Њујорк додека се враќа од јога со пријателките, а нејзината облека и овој пат не помина незабележано - музичарката носеше проѕирни хеланки и горен дел за тренинг, и се заштити од студот со дебела јакна.

„Порано играв кошарка и гимнастика во основно училиште ... Неодамна започнав да вежбам во теретана, иако пред тоа овие уреди воопшто да не ме привлекуваа“, изјави неодамна  Дуа Липа.

- Јас сум една од оние што се запишуваат во теретана на почетокот на секоја нова година, а потоа се појавува таму двапати во првата недела од јануари и исчезнуваат ... Но, сега уживам да вежбам со тренер. Прилично сум бескорисна кога сум сама, затоа сакам да сум опкружена со мотивирани луѓе кои работат со мене - изјави популарната пејачка.

притисни ентер