Јувентус му нуди 50 милиони на Манчестер Јунајтед плус еден играч за Погба

Јувентус е подготвен да му понуди на Манчестер Јунајтед 50 милиони евра и Арон Ремзи за да го врати Пол Погба во Торино, јавуваат италијанските медиуми.

Јунајтед бара дури 150 милиони евра за францускиот играч од средниот ред и светски шампион. Сепак, на „Олд Трафорд“се подготвени да ја разгледаат понудата на Старата дама.

Ремзи пристигна во Јувентус претходно оваа сезона од Арсенал без надомест, но не успеа да му се наметне на новиот тренер Маурицио Сари. Ниту Погба не е најсреќен на „Олд Трафорд“ и наводно нема ништо против да се врати во клубот во кој играл од 2012 до 2016 година.

Пред осум години, Манчестер Јунајтед и Јувентус водеа војна за францускиот играч од средниот ред, а во наредните години прашината се смири.

Погба пристигна во Манчестер Јунајтед од Ле Авр како 16-годишник во 2009 година, но избега во Јувентус три години подоцна бесплатно. Легендарниот Алекс Фергусон откри пред неколку години дека Погба требал во тоа време да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“, но неговиот менаџер Миноа Раиола се договорил со Јувентус.

Французинот остана во Јувентус до август 2016 година кога се врати во Манчестер Јунајтед за дури 105 милиони евра, но сега се приближува до враќање во Торино.

притисни ентер