Зголемен бројот на предмети од назначувањето на обвинителот за врски на Македонија во Европравда

Министерката за правда Рената Дескоска денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран и обвинителот за врски на Македонија во Европравда, Ленче Ристоска.

Како што соопшти Министерството за правда, на состанокот се разговараше за соработката со Европравда и Годишниот извештај за функционарањето на канцеларијата за врски на Македонија во Европравда за 2019 година.

Претседателот на Европравда во своето обраќање презентираше статистички податоци од ноември 2018 година – навака, кои укажуваа на зголемување на соработката откога Македонија има свој претставник во Европравда (EUROJUST).

Иако официјално соработката на нашата држава со Европравда започнува во 2009 година, Македонија за првпат номинираше јавен обвинител за врски во Европравда во 2018 година.

Тоа е причината поради која бројот на новоотворени предмети во кои е вклучена Македонија е во пораст. Така, за разлика од 2017 година, кога биле отворени само 4 нови предмети, во 2018 година, бројот на новоотворени предмети е 11, додека пак во 2019 година, бројот на новоотворени предмети е 23.

Покрај зголемениот број на новоотворени предмети, минатата година ја одбележа и тоа што Македонија за првпат ја искористи можноста преку Европравда да побара асистенција при обезбедувањето на меѓународната правна помош.

Министерката Дескоска истакна дека неодамна бил усвоен новиот Закон за Јавното обвинителство кој го зајакнува системот за борба против организиран криминал и корупција со гаранции за независност при одлучувањето и финансирањето и изрази благодарност за досегашната соработка со Европравда.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

притисни ентер