КРУШЕВСКИ ЧОМЛЕК

Рецепт - Крушевски чомлек

Потребни состојки: 1 кг. јунешко месо, 3 кг. кромид, 100 гр. лук, 1 лажичка шеќер, 1 шолја оцет, 10-тина суви сливи, 150 мл. црвено вино, малку масло, вода по потреба, 1 лажица црвен пипер, бибер и сол по вкус.

Постапка:

Кромидот се сече крупно, а јунешкото на поголеми парчиња.

Во земјен сад состојките се редат по следен редослед: ред кромид и лук, ред месо.

Потоа се додаваат сите зачини и сувите сливи.

Се додава: оцет, масло и вода и се пече околу 2 часа на 200 степени.

На половина од печењето состојките се полеваат со вино.

притисни ентер