Најмалку двајца загинати во железничка несреќа во Австралија (ВИДЕО)

Две лица загинаа кога  возот на линијата Сиднеј-Мелбурн искокна од шините во близина на градот Валан, соопштија австралиските власти.

Неколку патници се повредени, а едно лице е пренесено со хеликоптер во болницата во Мелбурн.

Не е јасно што ја предизвикало несреќата.

Службите за итни случаи велат дека повеќе лица се на преглед , но веруваат дека нема сериозно повредени.Во возот имало околу 200 луѓе кога излетал од шините околу 8:50 часот по локално време.

притисни ентер